Македонска судиска четворка, предводена од Ивана Пројковска, ќе ја дели правдата на реванш натпреварот од нокаут фазата во женската Лига на шампиони (ЛШ) меѓу Барселона и ПСВ Ајндховен, соопшти УЕФА.
Барселона има предност од 4:1 од првиот натпревар, а на Пројковска в среда ќе и помагаат на Елена Соклевска – Илиевски, Вјолца Изери и Ирена Велевачкоска.
Пројковска во јули минатата година го судеше финалето на Европското првенство за фудбалерки до 19 години меѓу Франција и Германија.
OhridNews