Македонскиот првак Вардар преку “полесната“ група ќе брка пласман во нок аут фазата од Лигата на шампионите. “Црвено-црните“ ќе го делат мегданот со Рајн Некар Левен, Киелце, ППД Загреб, Мешков Брест, Пик Сегед, Целје и Кристијанштад. 

Во групата А ќе спарингуваат Барселона, Веспрем, Висла Плоцк, Флензбург, Пари Сен Жермен, Кил, Кадетен Шафхаузен и Силкеборг.

По одиграните 14 кола, првите шест продолжуваат во следната фаза. Првопласираниот во групата ќе биде слободен во осминафиналето, а екипите од второ до шесто место ќе играат во осминафиналето.

Вториот македонски преставник Mеталург се наоѓа во групата Ц заедно со Ла Риоха, Чеховски Медведи, Монпеље, Елверум, и победникот од квалификациите каде што се Горење, Р. Бојс, Татран Прешов и Кокс. Само првопласираните екипи од двете групи обезбедуваат пласман во нока аут фазата.

Првото коло од групната фаза е закажано за периодот од 21 до 25 септември.

ohridnews