Прваците од 2012 и 2013 година во Лигата на шампиони, Челси и Баерн Минхен извлекоа позитивни „нули“ од првите осминафинални натпревари. „Сините“ ремизираа 1-1 против Пари Сент Жермен додека „баварците“ одиграа без голови против Шахјтор.


Четата на Жозе Мурињо иако имаше водство сепак треба да биде задоволна со ремито бидејќи по изедначувачкиот погодок во вториот беа притиснати на нивната половина.


„Баварците“ со право пред мечот најавува дека ова ќе биде тежок натпревар за нив без разлика што се фаворити. Од 65-та минута по вториот жолт картон на Чаби Алонсо германскиот првак остана со фудбалер помалку и ремито без голови е супер поволен резултат.


Реванш натпреварите од овие осминафинални натпревари ќе се одиграат за три седмици.

Мх.П.