Екипите на Борусија Дортмунд и Порто се првите патници во топ 8 во Лигата на Шампиони. Германците во осминафиналната пресметка ја елиминираа Севиља со вкупен резултат 5-4, додека португалците благодарание на правилото гол во гости го поминаа Јувентус, резултатот беше 4-4.
На двете реванш средби имаше драма и неизвесен финиш со среќен крај за Борусија Дортмуд односно Порто. Победа од 3-2 во Шпанија и предноста од 2-0 со головите на Халанд не се покажаа доволни за мирен натпревар на „Сигнал Идуна Парк“. Шпанците со два голови пред крајот на мечот изедначија на 2-2 и во последните напади напаѓаа за трет гол, кој ќе ги одведеше во продолжение.
Во Торино пак, имаше продолжение. Во првите 45 минути Порто од пенал погоди за водство 1-0. Јувентус дури на стартот од второто полувреме се разигра. За кратко време Киеза постигна два погодоци и ја анулираше предноста на гостите, кои во меѓувреме остаанаа со фудбалер помалку. До 90-та минута немаше погодоци и се играа продолженија. Во дополнителните триесет минути двете екипи постигнаа по еден погодок, а резултатот отиде во полза на гостите.
Реванш средбите во осминафиналето продолжуваат денеска со мечевите Ливерпул – Лајпциг (2-0) односно ПСЖ – Барселона (4-1).
OhridNews