Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп воодушевено ја прифати победата на неговиот тим против Реал Мадрид, додека неговиот колега Жозе Мурињо не е премногу загрижен од првиот евро пораз на неговите избраници.

Борусија со втората победа, во три одиграни натпревари се искачи на врвот на табелата во Д групата.

„Чувството е фантастично, ова беше сензационална ноќ. Ова не беше совршен натпревар, но гледајќи ја борбеноста и страста со која играчите одиграа беше блиску до тоа. Некои работи не функционираа во првото полувреме, но генерално одигравме добро“, рече Клоп.

Според него победата над Реал на неговите играчи ќе им вбризга дополнителна доза на самодоверба, особено по критиките кои стигнуваат на нивните адреси по серијата на лоши резултати во домашното првенство. Клоп за најдобар во својот тим го издвои стрелецот на победничкиот гол Марсел Шмелцер.

Мурињо, од друга страна немаше никаква причина за задоволство.

„Не можеме да биде задоволни, но нема потреба да драматизираме.
Загубивме натпревар, но последиците не се драматични. Втори сме во
групата, имаме шест бодови и уште две средби кои ќе ги играме на домашен
терен. Им реков на своите играчи дека ќе постигнат гол кога домаќинот
ќе го загуби поседот на топка, но тоа не се случи. Беше тешко да се
исфрлат од рамнотежа“,
заврши Португалецот.

“Макфакс“