Македонскиот ракометен првак Металург последниот меч од групната фаза во Лигата на Шампиони против Силкерборг ќе го пречека релаксирано. Нивниот најлут ривал во групата Киелце го совлада тимот на Горење Велење 29-25 и му ја осигура втората позиција на “металурзите“.

Хрватскиот стратег на клупата од Металург, Лино Червар може да мисли на противникот, кој ќе му падна на ракометарите од Автокоманда. Можни противници на македонскиот првак се Атлетико Мадрид предводен од капитенот на селекцијата на Македонија, Кирил Лазаров, Чеховски Медведи и белорускиот првак Динамо Минск.

Натпреварот на Металург против Силекборг се игра в недела со почеток до 17 часот.

Мх.П.