Македонскиот ракометен првак Металург претрпе пораз 31-26 (13-13) на гостувањето во Шпанија од Ла Риоха во рамките од петтата рунда во Лигата на Шампиони.
Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар иако ослабени речиси 40 минути беа рамноправен противник, но потоа „тенката“ клупа си ги направи своето.
За ракометарите на Металург ова е петти пораз во исто толку натпревари во ЛШ, кој шансите за пласман во нокаут фазата ги сведе на минимум.
Мх.П.