Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед со празни раце се враќа од гостувањето во Турција, откако избраниците на Оле гунар Солскјер претрпеа пораз 2-1 (2-1) од Башакшехир. Лацио, пак, иако со преполовен состав успеа да извлече позитивен резултат, ремизирајќи 1-1 со Зенит во Русија.

На поразот од „црвените ѓаволи“ кумуваше одбраната која во две ситуации реагираше катастрофално. Домаќините преку Демба Ба и Един Вишча ги казнија грешките на гостите и поведоа со 2-0. Надежите за позитивен резултат ги врати Ентони Марсијал кој на 2-1 намали пред крајот на првиот дел. Во второто полувреме, Манчестер Јунајтед нападна, но домаќините се одбранаа и заслужено победија и ги освоија трите бодови.

Фудбалерите на Лацио се издигнаа од проблемите и со преполовен колектив го преживеаја гостувањето кај Зенит играјќи 1-1. Руските фудбалери го отворија резултатот со голот на Александар Јерокин во првиот дел. Лацио изедначи во второто полувреме со голот на Филипе Каиседо.

Вечерва со почеток во 21 часот ќе се комплетираат мечевите од третата рунда од групната фаза во ЛШ.

OhriddNews