Македонскиот ракометен првак Вардар претрпе пораз 24-22(13-14) од Флензбург во првиот четвртфинален во Лигата од Шампиони.

Ракометарите на Вардар можат да жалат што не извлекоа уште поповолен резултат бидејќи имаа предност од еден погодок на полувремето.

Лошата и неефикасна игра во нападот во вториот дел го чинеше Вардар пораз 24-22, кој ветува и најавува „црвено црн“ пекол за шест дена во Борис Трајковски.

Нов меч за историја одигра Петар Ангелов, кој имаше 18 интервенции, а на високо ниво беше и Игор Карачиќ, кој постигна девет погодоци.

Мх.П.