Вечерва на програмата се натпреварите од последната квалификациска рунда за влез во елитната Лига на Шампиони. Македонскиот репрезентативец Горан Попов со екипата на Динамо Киев ќе му се спротистави на холандскиот Ајакс.

На останатите натпревари вечерва играат: Зенит:Оксер, Розенборг-Копенхаген, Спарта Прага-Жилина и Јанг Бојс-Тотенхем.

Утре ќе се одиграат натпреварите Вердер-Сампдорија, Партизан-Андерлехт, Базел-Шериф, Брага-Севиља и Салцбург-Хапоел Тел Авив.

Ohridnews