Женскиот ракометен шампион во Македонија, Вардар го освои целиот плен во Русија победувајќи го тимот на Астраханочка со 31-26 (14-13) во третата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
Со двата нови бодови, „вардарки“ ја продолжија позитивната серија во Б групата и ја делат првата позиција на табелата со тимот на Ференцварош.
„Црвено црните“ до вториот триумф сезонава во ЛШ стигнаа на крилата од Андреа Пенезиќ која постигна десет голови.
Шест голови реализираше Тамара Мавсар, а по четири постигнаа Сања Дамњановиќ и Барбара Лазовиќ, а одличен учинок имаа и голманите.
Во четвртата рунда од Б групата, Вардар пред своите гледачи ќе го пречека составот на Астраханочка.
OhridNews