Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар демонстираа врвен ракомет против Динамо во осминафиналето. Одбраната функционираше беспрекорно не оставајќи му на Дарко Станиќ простор да ги искаже своите голмански квалитети.
Нападот убоит како никогаш досега, а отсуството на повредениот Дејан Манасков не се осети премногу. Наумче Мојсоски мрежата на Динамо ја “бушеше“ од секаде постигнувајќи девет погодоци.
Популарниот “мојсо“ голема помош во нападот имаше од пивотменот Ракчевиќ, кој мечот го заврши со седум погодоци. Крилото Георгиевски запиша четири, а неуморниот Миркуловски три голови. Голманскиот тандем Митрески – Станиќ кои поголем дел од мечот беа без работа искомбинираа 14 успешни интервенции.
Реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони се игра в сабота на 23 март во 18 часот.