Со натпреварите во А-Д сегментот започнува 4. коло во Лигата на Шампиони.

Група А
20:45ч  Клуж – Бордо, Рома – Челзи

Капитенот Франческо Тоти се враќа во вистинскио време, да ја спаси ситуацијата во Рома. Сепак малку веројатно е дека раштиманиот оркестар ќе засвири со првата виолина по желба на навивачите токму против милионскиот Челси. Романското чудо Клуж се уште е во игра за место во елиминациската фаза.

Табела: Челзи 7 бодови, Клуж 4, Бордо и Рома 3

Група Б
20:45ч Анортозис – Интер , Вердер – Панатенаикос

Вистински тест за нероазурите ќе биде кипарското гостување кај убиецот на фаворите Анортозис. По мечот Вердер – Панатеникос се очекува еден од овие два тима да биде отпишан во трката за осмина финалето.

Табела: Интер 7 бодови, Анортозис 4, Вердер 3, Панатенаикос 1

Група Ц
20:45ч Спортинг – Шахтјор, Барселона – Базел

Единствената екипа со максимален ефект Барселона со победа над Базел, која е повеќе од извесна, ќе го визира местото во фудбалската пролет во ЛШ. Триумф на Спортигн во директната пресметка со Шахтјор би значел и за нив првокласен фудбал на пролет.

Табела: Барселона 9 бодови, Спортинг 6, Шахтјор 3, Базел 0

Група Д
20:45ч Ливерпул – Атлетико Мадрид, Олимпик Марсеј – ПСВ

Дербито на колото се игра на Енфилд, каде евентуалниот победник во дуелот на непоразените ќе го даде првиот патник во осмина финалето. Марсеј на домашен терен ќе се обиде да стигне до првите бодови во натпреварувањето кое го освои во 1992 година.

Табела: Ливерпул и Атлетико 7 бодови, ПСВ 3, Олимпик 0.

М.П.