Македонскиот ракометен првак Вардар остана несовладлив на домашен терен откако ремизираше со ПСЖ 24-24 во третата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.


За „црвено црните“ ова е второ реми во вториот натпревар пред своите гледачи, претходно бодовите Вардар ги подели со Барселона.

Во финишот од мечот ракометарите на Вардар беа на работ од бездната, но кога беше најтешко дадоа максимум и успеаја да им откинат бод на францускиот ракометен гигант.

Во чевртата рунда македонскиот првак го очкува далеку полесна задача каде ќе се сретне со Вакер Тун, кој е закован на дното со три порази.

Резултати : Димано Минск – Вакер Тун 27-20, Барселона – Металург 35-17, Вардар – ПСЖ 24-24.

Табела : Барселона 5, Металург 4, Димано 4, ПСЖ 3, Вардар 2, Вакер Тун 0.

Мх.П.