Црногорскиот репрезентативец со пет погодоци беше втор стрелец во екипата во историската победа над Динамо Минск, која значеше пласман во осумте најдобри.
Во недостиг на погодоци од првата виолина Наумче Мојсоски, одговорноста на свои плеќи ја презедоа Ренато Вугринец (седум голови) и Ракчевиќ кој запиша пет зад неговото име.
Во тимот на колото покрај Ракчевиќ се Кристијан Угалде (Веспрем), Клемен Цехте (Горење Велење), Себастјан Скубе (Целје), Холгер Гландорф (Флензбург), Торир Олафсон (Кјељце), Роланд Миклер (Пик Сегед).