Мега пресметките помеѓу италијанските и англиските преставници се во центарот на вниманието во осминафиналето од Лигата на Шампиони. Судир на традицијата и новиот бран, италијанската дефанзива против англискиот темперамент.

Италијанскиот првак Интер на задоволство на “специјалниот“ Жозе Мурињо за противник го доби европскиот првак Манчестер Јунајтед. Нерасчистени сметки имаат Мурињо и Сер Алекс Фергусон. Мурињо е еден од ретките кои има позитивен биланс во дуелите со Сер Алекс. Престојот во Англија Мурињо го зачина со две титули, додека при триумфот со Порто, Мурињо попатно го елиминираше Манчестер.

–  Ќе биде интересно повторно да се спротивставиме со Жозе. Тој е човек со силен карактер и секогаш многу добро се согласував со него. Не исфрли од натпреварувањето кога беше во Порто и затоа се надевам дека овој пат среќата ќе биде на наша страна, изјавил Фергусон.

Имав голема желба да играм против најсилниот и најдобриот противник. Манчестер Јунајтед е шампионска екипа, екипа која има таква тренерска големина како што е Алекс Фергусон. Сигурно ќе имаме многу голема мотивација за тие два натпревари, рекол Мурињо.

Доста емоции ќе има на првиот натпревар на Стемфорд Бриџ каде по пет годни ќе се врати Клаудио Раниери. Раниери и Јувентус се вистинска проверка за минатогодипниот вицешампион Челси. – Задоволство е да се отиде назад во Англија и да се игра против Челзи – изјави Раниери. Не барам никаков реваншизам, едноставно ќе уживам во овај дво меч, завршува Раниери кој седеше на клупата на сините во периодот од 2000 до 2004 година.

Капитенот на Старата Дама, Алесандро Дел Пиеро не беше пресреќен поради ждербката. – Беше тоа тешка жрепка. Секоја екипа во оваа фаза на натпреварувањето е силна, но Челзи е нешто посебно поради фантастичните играчи кои ги има на располагање, заклучил Дел Пиеро.

Бројките се на страната на Лондонски Арсенал. На Олимпико „топџиите“ славеа против “Римската волчица„ во 2003 со 2:1 а потоа со вкупни 4:2, по реваншот ги елиминирале италијанците. Тренерот на италијанската Рома, Лучано Спалети е задоволен од жрепката за 1/8 финалето во ЛШ. – Арсенал е можност да покажеме колку вредиме -смета Спалети. И капитенот на Рома е задоволен од ждребката која им го одреди англискиот противник. – Сигурно очекуваме тежок дуел, но и возбудлив– кажа Тоти.

Новиот тренерот на Реал Мадрид, Хуанде Рамос, истакна дека немале среќа во ждербката за 1/8 финалето во Лигата на ЛШ, бидејќи Ливерпул е одличен тим. –Воопшто не ни се допадна развојот на настаните во Нион. Рафа Бенитез е добар стратег и ќе биде тешко да се мине оваа пречка – издвои Рамос.

Релаксирана е атмосферата во таборот на Баерн Минхен каде се задоволни после вчерашната ждрепка. – Екипата на Спортинг од Лисабон не е лесен противник, но секако не е на исто ниво како Реал, Арсенал или Интер, ние сакаме да поминеме во 1/4 финалето и мислам дека нашите шанси се прилично добри – рекол тренерот на Баерн Минхен, Јирген Клинсман. Неговото мислење го дели и извршниот директор на клубот Карл-Хајнц Румениге. – Мислам дека среќно поминавме во ждрепката. Но предупредувам дена не смееме да го потцениме нашиот противник. Доколку бидеме концентрирани во двата натпревари ќе избориме учество во 1/4 финалето, изјавил Румениге.

Првиот тренер на Спортинг, Паоло Бенто, е умерен во коментарите по денешното составување на двојките за 1/8-финалето во Лигата на шампионите. -Баерн е еден од потешките противници што можевме да ги добиеме.Располага со одличен технички и тактички потенцијал.Евидентна е разликата во поглед на квалитетот на фудбалерите на двата тим, затоа германците се фаворити во нашиот двомеч -изјави Бенто.

Среќни се лицата во Каталонија, но предупредуваат дека Лион не е наивен противник. – Задоволни сме со ждребката, но Лион е тежок противник без разлика што и да си мислат другите– кажа Меси. Има доста време пред следните натпревари од лигата. Се надевам дека и тогаш ќе бидеме во одлична форма. – заврши аргентискиот напаѓач во дресот на Барселона.

На останатите натпреври играат Ателтико – Порто, односно Виљареал – Панатенаикос.

М.П.