Вечерва, најеминетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони ќе добие нови две екипи патници во 1/4 финалето. За четвртфиналет билет ќе се борат Ливерпул – Атлетико Мадрид односно Пари Сент Жермен – Борусија Дортмунд.
Актуелниот шампион и бранител на титулата Ливерпул заостанува еден чекор во однос на Атлетико Мадрид во трката за четвртфиналето. „Јорганџиите“ победија со 1-0 во Мадрид и му ја фрлија ракавицата на Ливерпул, кој на Енфилд може да елиминира било каква предност. На прашањето од новинарите до Диего Симеоне, дали тој посакува да се игра без публика. Тој изјави дека фудбалот, барем на Енфилд нема смисла да се игра без публика.
Фудбалерите на ПСЖ, ќе мора да се снаоѓаат сами и без помош од трибините на „Парко на принцовите“ да атакуваат на триумф против Борусија Дортмунд и пласман во четвртфиналето. Првиот натпревар заврши во корист на германците со 2-1, резултат кој е отворен за добар и квалитетен фудбал.
Први пласман во ТОП 8 обезбедија екипите на Лајпциг и Аталанта, кои, синоќа успешно ги поминаа Тотенхем односно Валенсија во осминафиналето.
Двојки:
Ливерпул – Атлетико Мадрид (0-1)
ПСЖ – Борусија Дортмунд (1-2)
OhridNews