Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше херој во мечот со Џенова откако погоди два пати во победата на Наполи 2-0. Но, Пандев и „азурите“ немаат премногу време за радост бидејќи пред нив е дуел со Арсенал во втората рунда до Лигата на Шампиони.

– Треба да го заборавиме дуелот со Џенова, кој беше одличен за враќање на самодовербата и да се фокусираме на Арсенал. Во овој период имаме доста набиен распоред на натпревари, но, јас верувам во тимот дека ќе стигнеме до што повеќе победи – порача Пандев.

Погодоците против Џенова беа први за Пандев сезонава во дресот на Наполи, а Македонецот има уште пет асистенции за голови на неговото конто.

Мх.П.