Македонскиот “бомбардер“ Кирил Лазаров во финалниот меч загуби од Кил 26-21, и ја пропушти шансата да ја заокружи одличната сезона со трофеј од Лигата на Шампиони. Лазаров во финалето постигна пет погодоци, и за еден гол не успеа да се изедначи со данскиот ракометар Хансен. 


Вака, Лазаров со вкупно 97 голови се најде зад Хансен кој со 98 голови го понесе епитот најдобар стрелец во Лигата на Шампиони сезонава.


Ако македонскиот репрезентативец Лазаров ги постигнеше неопходните седум погодоци ќе беше првиот ракометар кој ги обединил титулите на Европски, Светски и најдобар стрелец во Лигата на Шампиони.

Мх.П.