Бразилецот Нејмар нема да биде единствен фудбалер кој ќе го пропушти дуелот помеѓу Барселона и Пари Сент Жермен, во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. Покрај Нејмар ќе отсуствува и Анхел ди Марија.
Аргентинецот не успеа на време да ја залечи повредата и му се приклучи на листата на повредени на Нејмар, кој се повреди во куп дуелот со Каен.
Сепак, стратегот на ПСЖ, Маурицио Почетино доби позитивна вест, откако на располагање ќе го има Марко Верати, кој ја санираше повредата на бутниот мускул.
Првиот меч од 1/8 финалето во ЛШ помеѓу Барселона и ПСЖ се игра утре во 21 часот.
OhridNews