Желбата за ново учество во фазата по групи во Лигата на Шампиони на Црвена Ѕвезда згасна во Кипар. „Црвено белите“ пораз претрпеа од Омонија која славеше со 4-2 после изведување на пеналите. Регуларниот дел од мечот и продолженијата завршија 1-1.

Фудбалерите на Омонија поведоа со голот на Луфтнер во 31-та минута. На водечкиот погодок за Омонија кумуваше голманот на Црвена Ѕвезда кој несмасно реагираше после изведениот корнер. Српскиот шампион брзо се созеде и до крајот на првото полувреме изедначи. Иванчиќ со глава ја смести топката во мрежата.

Погодок за водство на Омонија

Ефектниот погодок со глава на Иванчиќ

Возбудувања имаше пред двата голови, но погодок немаше во второто полувреме. Исто беше и во продолженијата и победникот се одлучи по изведување на пеналите. Двете екипи ги реализираа првите два пенали. Црвена Ѕвезда промаши во третата и четвртата, додека домаќините продолжија со ефикасноста за голема победа и пласман во плејофот.

Омонија во завршниот циклус од квалификациите ќе се сретне со Олимпијакос, а Црвена Ѕвезда се сели во Лигата на Европа.

OhridNews