Натпреварот од втората рунда во Лигата на Шампиони помеѓу Вардар – Елверум кој требаше да се одигра во четврток на 24 септември е одложен.

Пресметката на македонскиот и норвешкиот претставник во Лигата на Шампиони е одложена поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје. Македонија е во групата ризични земји во ковид табелата и лицата кои се враќаат од нашата земја мора да поминат двонеделна изолација.

ЕХФ во соработка со двата клубови ќе работи на дефинирање на нов датум и одигрување на средбата.

„Црвено црните“ новата сезона во ЛШ ја започнаа со тесен пораз од Мешков Брест.

OhridNews