Осмина финалната рунда во лигата на шампиони ги врати љубителите на фудбалот пред малите екрани. Повторно во дресовите на омилените екипи младите ги наполнаа кладилниците, кафулиња и местата резервирани за најважната споредна работа на светот. Во годината кога пред нас е Европското во Австрија и Швајацарија, Лигата на шампиони, му доаѓа како пред јадење.
Само една “двојка“, три “икса“ и четири “кеца“ е билансот од првите натпревари.
Се` што е убаво и на бога му е драго, па голот на Тиери Анри го заслужува епитетот нај-гол по првите натпревари.
Рони се врати во првиот тим, но неговото враќање го мотивираше “Месидона“, кој уште еднаш го потврди својот раскошен талент. “детелините“ дадоа се од себе но и тоа не беше доволно да победат “тројцата“ амигоси. Замислете што ќе беше Барса, да го имаше на голот Буфон??
Рафа “The Gaffer“ се спаси пак!! Одамна на сите ни е јасно дека Рафа е куп – тренер, но искрено помислив дека нероазурите ќе му стават крај. На Енфилд, црвениот аларм го изгаси капитенот кој англиските медиуми го нарекоа “Џеронимо“. Е сега замислете ако место Манчини на клупата на Интер беше,на пример Мурињо ???
Манчестер Јунајтед во Франција замина за да се врати непоразен. Речено сторено. Лион годинава не е она што беше,а сепак “ѓаволите“ се спасуваа во финишот. Деновие низ медиумите можевме да прочитаме како легендарниот Кантона го убедли Сер Алекс Фергусон да не го доведе Зиднедин Зидан во дресот на Јунајтед. Замислете Зидан во Манчестер Јунајтед,а?
Во услови кога времето ги диктира условите за игра и мечот се игра на температура околу нулата (не карактеристична за Атина) за очекување беше да “замрзнат“ играчите. Но мора да признаете дека Челси не е тоа тоа без Мурињо а? На жалост овај натпревар ќе остане запаметен по смртните пораки упатени до менаџерот на Челси, Аврам Грант.
Судирот на генерации на Емирати беше исполнување на очекувањето. И едните и другите на крајот задоволни го напуштија теренот. “Топџиите“ од тоа што го надиграа европскиот првак,а росонерите што успеаа да издржат на 0-0.(Италијанска работа)
Римјаните, познати по своите легии, успеаа да ги совладаат “кралевите“ за прв пат на олимпико.Предовдени од “принцот“ Франческо Тоти “џиалоросите“ стигнаа до каква таква предност пред реваншот во Мадрид. Во еден глас сите од таборот на Шустер велат , Бернабеу ќе биде доволен за пласман понатаму.
Минимална предност пред реваншот остварија Фенербахче против Севиља 3-2, односно Шалке против Порто 1-0. Од гостите на овие натпревари сигурно позадоволен е дво кратниот освојувач на Уефа Купот,Севиља, која од Турција се враќа со два постигнати погодоци.
Реванш мечевите за кој како се играат на 4 односно 5 Март. Интер – Ливерпул ќе играат на 11 Март.