По маестралната изведба на Олимпико, Манчестер Јунајтед се наметнува како фаворит број 1 за освојување на Лигата на Шампиони. Одлично поставената игра, во која во секој момент од мечот сите на теренот знае што сакат и што да прават , зачинета со во моментов најдобриот фудбалер на планетава Роналдо, несомнено даде резултат. И без својот принц, Франческо Тоти, волчицата не беше далеку од позитивен резултат, им фалеше толку малку, но сепак многу за да се добие меч со еден гигант како Ман Ју.
Без своите двајца најдобри играчи повредениот Лео Меси и индиспонираниот Роналдињо, Барса се врати со минималец од Гелзенкирхен. Тиери Анри во комбинација со Бојан Кркич им даде можност на каталонците за “мирен“ реванш. Далеку од тоа дека германците ке се предадат, но исто така далеку од тоа дека може да се надеваат на пласман понатаму.
Чуден тим е оној на Челси. Не успеава Грант да го наметне својот авторитет, незнам кој и мислел дека ќе го наметне при неговото поставување за менаџер, па сините делуваат како раштиман оркестар. Точно е дека имаат врвни свирачи, но барем за сега тие се чуваат себе си само за соло концерти.
Турскиот шампион , Фенербахче го живее својот сон оваа сезона. Отпишани заминаа во Севиља, но еве ги во ¼ финалето, отпишани заминуваат и на Стемфорд Бриџ, но се прашувам дали Дејвид зачувал нешто од неговиот арсенал во резерва. Кога сме кај тимот на Фенербахче тие со третиот автогол се рекордери по бројот на постигнати авто гола во една сезона.
Како и што се очекуваше најнеизвенсо беше и ќе биде на мечот меѓу премиерлигашите Арсенал и Ливерпул. По првите 90 мин “топџиите“ се тие кои треба да жалат за пропуштената шанса. Сигруно се уште се прашува Арсен Венгер што бараше Бендентер на гол линијата, односно каде гледаше судијата Винк по влечењето на Хлеб во казнетиот простор.
Рафа Бенитез и на овај натпревар покажа дека неговиот тим зависи од еден фдбалер. Стивен Џерард. Одлуката да игра со формацијата “беките- крили, крилите-беки“, се покажа како добитна во последните две пресметки со Интер и оваа со Арсенал. Дали ќе биде добитна комбинација за ½ финале ќе видиме во Вторник.