Данокот на искуство но и лошите судиски проценки го чинеаа Лондонскиот Арсенал, збогување од понатамошните натпреварувања од елитана лига на Шампиони. Екипта која го играше најпривлечниот фудбал за око, непомина понатаму . Непремостлива пречка беа црвените од Енфилд, кои по трет пат во последните пет години од ерата на Бенитез стигаат до полуфиналето.
Како по правило кога Ливерпул стига во полуфиналето, негов противник се сините од Лондон. Успеаа сините да го премостат турскиот Фенербахче, па фановите се надеваат на трета среќа во дуелите со Ливерпул. Го нема контраверзниот Мурињо на клупата, па останува на здодевниот Грант да го скрши малерот. Турскиот шампион Фенербахче со високо подигната глава го напушта натпреварувањето.
Римската волчица втора година по ред заглави против Манчестер Јунајтед. Многу по достоинствено оваа од минатата година,иако останува горчливиот вкус по промашениот пенал на Де Роси.
Без примен гол и со три во противничката мрежа најголемиот фаворит за освојување на трофејот “црвените ѓаволи“ влегуваат во полуфиналето на екипите кои немаат пораз во овогодинешната Лига на Шампиони.
Каталонската Барса ќе треба многу повеќе да покаже во колку сака да се најде во големото финале на 21 Мај во Москва. Немаат многу време каталонците да ги консолидираат своите редови, но во секој случај рано е за нивно отпишувањае.
Гери Невил, Рајан Гигс и Пол Сколс се единствените во тимот на Фергусон, кои беа дел од неповторливото финале во 1999 година кога токму на Ноу Камп, ја освоија последната титула. Дали Ноу Камп ќе биде таличен за “ѓаволите“ ќе дознаеме на 29 и 30 Април кога се реванш мечевите.
Втора година по ред три англиски претавника ќе играат во полуфиналето на лигата на шампиони. Минатата сезона честа на европа ја одбрани Милан, ќе успее ли Барса да го повтори тоа или после три години повторно на пиедесталот ќе се искачи премиер – преставник ! !