Челси – Манчестер Јунајтед е првото се` англиското финале во Лигата на Шампиони кое на 21 мај ќе се одигра во Москва. Ова е трето финале во Шампионската Лига во кое ќе играат две екипи од иста земја.

Првото финале од ваков тип се одигра во 2000 година на Стад Д`Франс кога Реал Мадрид ја торпедираше Валенсија со 3-0. Театарот на соништата , Олд Трафорд беше домаќинот на италијанската премсетка во којa Милан го совлада Јувентус на пенали 3-2. Москва и стадионот со пет звезди Лужники ќе ги пречекаат Премиерлигашите Манчестер и Челси.

Своевидна “студена“ војна ќе биде финалето во ЛШ, каде ќе се сретнат `сините` на Роман Абрамович и “црвените“ на Малкок Глајзер. Предност ќе имаат сините кои играат на домашен терен.

Досадниот Аврам Грант, успеа да го направи невозможното и по заминувањето на “специјалниот“ како што себе си се нарекуваше Хозе Мурињо, да го одведе клубот до првото финале во својата историја. Човекот кој на почетокот изгледаше како “паднат“ од Марс, ја најде вистинската формула и еве го во Москва на големото финале.

Дваесете години поминати на клупата на еден од најбогатите клубови во светот Манчестер Јунајтед говорат сами за себе за големината наречена Сер Алекс Фергусон. Сепак “островската“ супериороснот не успеаа да ја префрлат на Европско тло, и за “ѓаволите“ ова ќе биде второ финале по она незаборавното во 1999 година против Баерн Минхен на Ноу Камп. Финалето во Москва ќе биде можност за нивен трет трим во најелитното натпреварување.

Чех или Ван Дер Сар, Фердинад или Тери, Сколс или Лампард, Дроба или Роналдо??

Одговорот ќе го дознаеме на 21 Мај.