Англискиотпремиерлигаш Манчестер Јунајтед и натрофејниот холандски клуб Ајакс на домашен терен во првите мечеви од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони ќе ги пречекат Барселона односно Јувентус.
Каталонците и „бјанконерите“ се големи фаворити во пресрет на четвртфиналните двомечи, но кога ќе се погледне како Манчестер Јунајтед и Ајакс обезбедија пласман во ТОП 8, не смеат да се отпишат и во случај да ги изгубат првите натпревари.
„Црвените ѓаволи“ и фудбалерите на Ајакс приредија најголемите пресврти во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони елиминирајќи ги Пари Сент Жермен и Реал Мадрид, иако, ги изгубија првите мечеви пред своите гледачи. Барселона пласман во 1/4 финалето обезбеди по елиминацијата на Лион, а Јувентус излезе подобар од Атлетико Мадрид.
Едно е сигурно, дека стадионите Олд Трафорд и Јохан Кројф ќе понудат атомски и квалитетен фудбал, каков што доликува на Лигата на Шампионите.
OhridNews