Ракометниот клуб Вардар претрпе нов пораз во Лигата на Шампиони, откако во последниот натпревар од групната фаза изгуби од Мешков Брест со 32-36, во „Јане Сандански“.

„Црвено црните“ во првиот дел не наликуваа на себе. Постигнаа 12 погодоци, а на противникот му дозволија дури 20 голови, за голема негатива од осум погодоци. „Вардарци“ во вториот дел драстично се поправија и заиграа далеку подобро, но успеаја само да ја преполават негатива.

Двократниот европски првак заврши на седмата позиција во групата и во осминафиналето во Лигата на Шампиони силите ќе одмери со унгарскиот гигант, Веспрем.

OhridNews