Македонскиот ракометен вицепрвак, Металург го претрпе вториот пораз во Лигата на Шампиони, откако изгуби од Брест Мешков 25-21 (14-8) во третата рунда од групната фаза.
„Металурзите“ иако имаа негатива од шест голови на полувремето, успеаја да се вратат и да поведоа во мечот (19-18), но немаа сили да го задржат водството.
Домаќините, во финишот со серија од 3-0 го презедоа кормилото во натпреварот и го спроведоа во мирен финиш.
Металург по три одиграни мечеви во ЛШ остана на единствената победа која ја забележа на почетокот од сезоната.
Во четвртата рунда противник на составот на Металург ќе биде тимот на Ла Риоха од Шпанија.
OhridNews