Интер и Шалке се имаат сретнато во финалето на Купот на Уефа во 1997 година. На првиот триумфирал Шалке со 1-0 реванш натпреварот завршил со минимална победа на Интер. По пенал рулетот посреќни излегоа германците и ја освоија титулата.
Интер на драматичен начин успеа да се пласира во 1/4 финалето благодарение на погодокот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Во таборот на “нероазурите“ за натпреварот со Шалке се очекува да се врати столбот на Лусио и Милито да започне од првата минута откако заздрави од повредата.
Сите погледи на вечерашниот дуел ќе се в перени на Раул Гонзалес кој е единствен фудбалер со големо искуство во “сините“. Шалке во 1/8 финале на маестрален начин ја испадна Валенсија и во 1/4 финалето налетаа на актуелниот првак во Лигата на Шампиони. Партнерот на Раул, Хунтелар ќе го пропушти натпреварот поради повреда.