Норвешкиот Ларвик е противник на женскиот ракометен клуб Вардар во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.


Ракометарките на Ларвик го совладаа составот на Флери со 31-28 и го заверија второто место во групата.

„Црвено црните“, пак, завршија на третата позиција во својата група по победата над тимот на Савехоф.

Првиот четвртфинален натпревар ќе се одигра од 1 до 3 април, а реваншот седум дена подоцна од закажаниот термин.

Женскиот ракометен првак во Македонија две години по ред учествува во завршницата од ЛШ, а за трето ќе треба да го елиминира најтрофејниот колектив од скандиваските простори.

OhridNews