Српскиот првак Црвена Ѕвезда во фазата од групи ја заврши европскатавантура за оваа сезона. Белградските „црвено бели“ во одлучувачкиот натпревар во кој влогот беше пласман во Лигата на Европа изгубија од Олимпијакос 1-0 и завршија на четвртата позиција на табелата.
Црвена Ѕвезда скапо ги плати пропустите и грешките во мечот од шестата рунда. Србите при резултат 0-0 во првиот дел не реализираа удар од белата точка, а во финишот од натпреварот примија погодок токму од пенал. Казнетиот удар кој му пресуди на Црвена Ѕвезда го направи Жандер, кој играше со рака во својот шеснаесеттик. Сигурен егзекутор беше Јусуф ел Араби.
Останатите натпревари од двете групи поминаа без изненадувања и очекувани резултати.
Резултати:
Група А: Клуб Бриж – Реал Мадрид 1-2, ПСЖ – Галатасарај 5-0
Табела: ПСЖ 16, Реал Мадрид 11, Клуб Бриж 3, Галатасарај 2
Група Б: Баерн Минхен – Тотенхем 3-1, Олимпијакос – Црвена Ѕвезда 1-0
Табела: Баерн Минхен 18, Тотенхем 10, Олимпијакос 4, Црвена Ѕвезда 3,
Група Ц: Динамо Загреб – Манчестер Сити 1-4; Шахјтор Доњецк – Аталанта 0-3
Табела: Мен Сити 11, Аталанта 7, Шахјтор Доњецк 6, Динамо Загреб 5,
Група Д: Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 2-0, Баер Леверкузен – Јувентус 0-2
Табела: Јувентус 16, Атлетико Мадрид 10, Баер Леверкузен 6, Локомотив Москва 3
OhridNews