Во последното шесто коло во натпреварите по групи во Лигата на шампиони пет екипи конкурираат за трите останати места за елитен фудбал и на пролет.

Се е отворено во групата А каде џалоросите со победа на Олимпико над Бордо ќе го обезбедат првото место во групата. Сините од Лондон имаат лесна задача во последното коло против Клуж

Група А
20:45 Челзи – Клуж, Рома – Бордо

Табела: Рома 9 бодови, Челзи 8, Бордо 7, Клуж 3.

Во директен дуел Панатенаикос и Анортозис ке ја решаваат судбината за пласман во 1/8 финалето, нероазурите на Мурињо се веке во втората рунда додека екипата на Вердер со победа имаат шанси за Купот на Уефа.

Група Б
20:45 Панатенаикос – Анортозис, Вердер – Интер

Табела: Интер 8 бодови, Панатенаикос 7, Анортозис 6, Вердер 4

Натпреварите во групата Ц ќе се чиста формалност Барселона и Спортинг се екипите кои одат понатаму додека Шахјтор е патникот во Купот на Уефа.

Група Ц
20:45 Базел – Спортинг, Барселона – Шахтјор

Табела: Барселона 13 бодови, Спортинг 9, Шахјтор 6, Базел 1.

Во групата Д ПСВ и Марсеј ке се борат за третото место кое води во Купот на Уефа. Ливерпул и Атлетико на гостувањата ќе се борат за првата позиција.

Група Д
20:45 ПСВ – Ливерпул, Олимпик Марсеј – Атлетико Мадрид.

Табела: Атлетико 11 бодови, Ливерпул 11, Марсеј 3, ПСВ 3

М.П.