Убедливи победи на англиските преставници во второто коло од Лигата на Шампиони.

Бранителот на титулата Манчестер Јунајтед до првата победа во ЛШ стигна отакако го тропедриаше Алборг во Данска(3-0). Вејн Руни и на двапати бугарскиот интернационалец Бербатов беа стрелци на головите.

До првата тројка стигна и Виљареал кој на Ел Мадригал мининално 1-0 го совлада Селтик. Стрелец на голот вреден три бода беше Сена.

ТАБЕЛА: Манчестер Ј. 4 Вилјареал 4, Селтик и АВ по 1 бод.

Без победник завршија натпреварите на Ф групата. Лион имаше гол предност на полувремето откако Де Микиелис ја затресе сопствената мрежа. Зе Роберто ги спаси Баварците од пораз(1-1). Без голови  (0-0) заврши натпреварот на Артемио Франки помеѓу Фиорентина и Стеауа
 
ТАБЕЛА: Баерн (М) 4, Фиорентина и Олимпик (Л) по 2, Стеауа 1 бодови.

Најубедливата победа ја извојува детската градинка на Венгер која на Емирати со 4-0 го совлада Порто. По два гола постигнаа Адебајор и Ван Перси. Фенербахче и Динамо Киев одиграа непопуларни 0-0.

ТАБЕЛА: Арсенал 4, Порто 3, Динамо (К) по 2 и Фенербахче 1 бодови.

Реал Мадрид се провлече на гостувањето кај Зенит, триумфирајќи со 2-1. Надиграни беа кралевите но сепак на крајот си одат со три бода благодарение на Руд Ван Нистелрој.
Старата Дама се спасуваше во Белорусија откако домаќините поведоа 2-0 со головите на Кривец и Сташевич. Виченцо Јакината во финишот на првиот дел стрелаше на два пати прецизно, што на крајот се покажа како конечен резултат.

ТАБЕЛА: Реал (М) 6, Јувентус 4,  и БАТЕ Б. 1,  Зенит 0 бодови.