Дисциплинската комисија на УЕФА ги потврди суспензиите за  фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Барселона, Дарен Флечер, односно Ерик Абидал и Дани Алвес.

Флечер и Абидал на полуфиналните натпревари заработија црвени картони, додека Алвес поради жолти картони нема да има право на настап на финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона, на 27 мај во Рим.

Исто така бразилецoт Диего поради суспензија ќе го пропушти финалето, но во Уефа купот помеѓу  неговиот тим Вердер и Шахјтор.

ohridnews