Германскиот стратег на клупата од Пари Сент Жермен, Томаш Тухел ќе ги има на располагање Килијан Мбапе и Бразилецот Нејмар за клучниот меч против Ливерпул во петтата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.

Ударните игли во нападот се повредија на репрезентативните собири минатата недела и ги загрижија симпатизерите на „светците“ и предводникот Тухел. Мбапе и Нејмар го пропушија натпреварот со Тулуз во Првата француска лига, но ќе бидат подготвени за дуелот, кој ќе се одигра среда (утре) во Парис со почеток во 21 часот.

Францускиот шампион во никој случај не смее да дозволи пораз пред своите гледачи, затоа што ако и Наполи победи против Црвена Ѕвезда на домашен терен ќе ги закопа сите надежи на „светците“ за пласман понатаму и некаков поголем успех во Лигата на Шампиони.

Во пресрет на петтата рунда Ливерпул и Наполи имаат по шест бодови, ПСЖ има еден помалку, а табелата се комплетира со Црвена Ѕвезда која има четири поени.

OhridNews