Не е силата и квалитетот на Кил маката на хрватскиот стручњак Лино Червар на клупата од Металург туку стомачниот вирус, кој ги „нападна“ играчите.
Капитенот Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, крилото Дејан Манаско и бекот Владан Липовина се ракометарите кои се жалат на болки во стомакот.
Овие четворица ракометари ќе бидат во трка со времето за настап за Металург на дуелот со Кил во четвртата рунда од Лигата на шампиони.
Натпреварот се игра в сабота со почеток во 21 часот во спортската арена „Борис Трајковски“.
Мх.П.