Голманот на Севиља, Боно, вчеравечер, научи многу важна лекција во кариерата, откако проба да се надмудрува со голгегерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Чуварот на мрежата го провоцираше Халанд после поништениот погодок од ВАР системот. Неколку минути подоцна, Халанд, од пенал погоди за 2-0 и му возврати со иста на мера на Боно, кој мораше да ја наведне главата.

Инаку, мечот на „Сигнал Идуна Парк“ заврши без победник 2-2, а Борусија Дортмунд обезбеди пласман во 1/4 финалето, поради гостинската победа 3-2.

OhridNews

 

ЛШ: Порто го „отпиша“ Јувентус, „милионерите“ ја елиминираа Севиља (видео)