Натпреварот помеѓу АЕК и Ајакс во рамките од петтата рунда во Лигата на Шампиони имаше многу лош вовед, откако симпатизерите на двете екипи се судрија во центарот од Атина. Пресметката личеше на вистинска војна, експлозии имаше од сите страни, а полицијата после голема борба ги раздвои навивачите и ја стави ситуацијата под контрола.

Ова е втор ваков испад во светскиот фудбал за кратко време. Инцидент од поголеми размери се случи на реванш мечот од Копа Либертадорес, кога навивачи на Ривер Плата со тврди предмети и солзавец го нападнаа клупскиот автобус на Бока Јунирос. Финалниот натпревар беше одложен, а кога ќе се одигра се уште не се знае.

OhridNews