Без голови и без победник заврши првата полуфинална пресметка меѓу Атлетико Мадрид и Челси во Лигата на Шампиони.

Шпанско-англиската пресметка ни од далеку не ги оправда големите очекувања на љубителите на фудбалот.

Атлетико Мадрид имаше повеќе посед на топката, имаше неколку прилики за погодок, но во нападот повеќе сакаа да изнудат пенал, жолт картон или слично место да ја затресат мрежата на Чех па Шварцер.

Фудбалерите на единствениот англиски преставник во ЛШ немаа ни слезено од автобусот со кој доаѓаат на стадионите и им беше паркиран пред нивниот гол.

„Сините“ ниту во еден момент не се ни обидоа да го совладаат можеби клупскиот другар од следната сезона Куртоа, кој немаше ни една интервенција.

За одбележување беа петте жолти картони три за Челси, два за Атлетико, повредата на Чех на старот од мечот и кошкањето на фудбалрите по неколку груби прекршоци на средината од теренот.

Реваншот од овој меч се игра за осум денови на „Стемфорд Бриџ“.

Мх.П.