Македонскиот првак Вардар беше на прагот на сезнација, но со два гола примени во судиското надополнување со пораз од 3-2 се враќа во Македонија.
“Црвено-црните“ направија комплетен пресврт со погодоците на Костовски во 53 и Стјепановиќ во 62 минута.
Но бедемот пред голот на Захов, попушти во судиското надополнување. Прво во 92 минута Родионов го изедначи резултатот, а во 94 минута го постигна погодокот за победа.
Реванш мечот се игра на 25 јули на националната арена “Филип Втори“.