Германскиот бундеслигаш Лајпциг со минимални 1-0 славеше против Тотенхем во Лондон и широко си ги отвори вратите за пласман во 1/4 финалето. Покрај победата, големо внимание привлекоа различни дресови на тројца фудбалери. Разликата во дресовите на Вернер, Клостерман и Нкунку не беше голема, но впечатлива бидејќи логото од главниот спонзор Ред Бул беше црно-бело, место во боја.

Предводникот на германците Јулијан Нагелсман откри дека не се работи за трик, туку за пропуст на клубот кој ги заборавил дел од дресовите. Тројцата фудбалери настапиле со резервните дресови кои не биле планирани за ЛШ.

Се беше подготвено во хотелот, но пред тргнување заборавивме дел од дресовите. Дојде до недоразбирање и сакаме јавно да се извиниме за нашиот пропуст. Ветувам дека се ќе биде како што треба на реваншот. – изјави Нагелсман.

Во паузата помеѓу двете полувремиња Вернер и Нкунку ги заменија дресовите, но тоа не го направи Клостерман кој до крајот играше со различниот дрес.

Грешката со дресовите на Лајпциг брзо ќе се заборави, затоа што клубот победи и обезбеди добра предност пред ревашот.

OhridNews

 

ЛШ: Лајпциг го скрши гостински мраз, Аталанта ја преслуша Валенсија (видео)