“Галактикосите“ ги држеа конците од играта, Кристијано Роналдо блескаше на натпреварот благодарение на неговата асистенција Бензема го отвори резултатот. Лион израмни преку Гоми во финишот од натпреварот.
– Во фудбалто секогаш постојат комплицирани ситуации и оние кои не оставаат место за сомневање. Све се одвиваше на “пет метри“ но двете очи него видоа она што го виде целиот стадион – смета “специјалниот“ алудирајќи на 64-та минута од натпреварот.
Прашањето околу патникот во 1/8 финалето останува отворено а конечниот одговор ќе го имаме на Сантијаго Бернабе.
– Поблиску бевме да заводиме 2-0, него да одиграме реми со 1-1. Резултатот е добар, имаме поволен резултат а играме пред нашите навивачи и мораат да ни дадат максимална подршка. Во мечот со Лион на нивниот стадион ја променивме историјата постигнувајќи погодок што не му успеало на Реал Мадрид во три наврати. На Сантијаго Бернабе со сите сили одиме да го совладаме Лион и да ја измениме историјата целосно – заврши португалецот Жозе Мурињо.
Реванш мечот од Лигата на Шампиони се игра на 15 март.
Видео : Реми на Жерлан, судбината ќе се решава на Бернабе