Возбудањата продолжуваат во Лигата на Шампиони. На програмата се два натпревари од 1/8 финалето.


Неколку сезони во низа Лион му задава сериозни проблеми на Реал Мадрид. “Лавовите“ немаат пораз во меѓусебните натпревари со “кралевите“, три пати триумфирале исто толку ремизирале. Лион беше кобен минатата сезона кога ги елиминираа “галактикосите“ во 1/8 финалето.


Оваа сезона во таборот на Реал Мадрид е “друга песна“ на клупата е “специјалниот“ кој го има рецептот за елиминација на Лион. Додека беше тренер на Порто, Мурињо го елиминира Лион во 1/4 финале а подоцна со Порто се искачи на врвот на Европа совладувајќи го Монако со 3-0.


Двојки: 20:45 часот Копенхаген – Челси, Лион – Реал Мадрид

Мх.П.