Фудбалерите на Шкендија не успеаја да извлечат позитивен резултат во првиот натпревар од првата квалификациска рунда во Лигата на Шампиони, претрпувајќи минимален пораз (1-0) од Мура, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тетовските „црвено црни“ комплетно го одбележаа натпреварот кога се однесува за шанси и посед на топка, но гостите од Словенија се радуваа на победата. Гостите ја искористија првата сериозна шанса и со гол од пенал поведоа со 1-0. Шкендија најзрелата прилика за егал ја имаше преку Бесарт Ибраими кој промаши удар од белата точка. „Црвено црните“ продолжија со нападите, но словенските фудбалери го зачуваа минималното водство и остварија голема победа.

Погодокот на гостите за 0-1.

Ибраими не реализира од белата точка.

Реваншот се игра за една седмица, на теренот од словенскиот клуб. На Шкендија и е потребна победа со минимум два постигнати погодоци за сигурен пласман во втората фаза.

OhridNews