Фудбалерите на Шкендија уште во првата рунда ги завршија настапите во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони. Непреминлива за тетовските „црвено црни“ беше словенскиот првак Мура, кој со вкупен резултат 6-0 се пласираше во вториот квалификациски круг.

Ако на Шкендија среќата и го сврте грбот во Скопје во Словенија не беше така, бидејќи Мура беше тимот кој доминираше. Домаќините со убедлива игра ја растурија Шкендија, победувајќи ја со високи 5-0. Мура два голови постигнати во првиот дел, а три во вториот за убедлива победа.

На Шкендија и останува Конференциската лига каде што ќе мора да го обели образот после големиот неуспех во ЛШ. Ривал на тетовчани ќе им биде литвантска Рига.

OhridNews