Составот на Барселона покажа квалитет, карактер и надмоќност на гостувањето во Украина, победувајќи го Динамо Киев со 4-0, без првата ѕвезда Лионел Меси во составот.
Каталонците, триумфот во четвртата рунда од групнатазта фаза го обезбедија со маестрална претстава во вториот дел, во кој ги постигнаа четирите голови. Резултатот по само седум минути игра во второто полувреме го отвори Дест. Во 57-та минтуа Брејтвајт го дуплираше водството на 2-0. Со вториот погодок на натпреварот Брајтвајт зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Гризман.
„Старата дама“ со голот на Мората во судиското продолжение славеше во дуелот со Ференцварош 2-1 и избегна непријатно реми на домашен терен. Јувентус кој губеше со 1-0, долго време бараше начин за втор погодок и го најде во втората минута од судиското продолжение.
- Резултати:
Група Е: Краснодар – Севиља 1-2, Рен – Челси 1-2
Табела: Челси 10, Севиља 10, Краснодар 1, Рен 1
Група Ф: Борусија Дортмунд – Клуб Бриж 3-0, Лацио – Зенит 3-1
Табела: Борусија Дортмунд 9, Лацио 8, Клуб Бриж 4, Зенит 1
Група Г: Динамо Киев – Барселона 0-4, Јувентус – Ференцварош 2-1
Табела: Барселона 12, Јувентус 9, Ференцварош 2 ,Динамо Киев 1,
Група Х: Манчестер Јунајтед – Башакшехир 4-1, ПСЖ – Лајпциг 1-0
Табела: Манчестер Јунајтед 9, Лајпциг 6, ПСЖ 6, Башакшехир 3
OhridNews