Без победник 34-34 заврши мечот меѓу Монпеље и Вардар во Франција во четвртата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ беа на работ од бездната, но, во финишот собраа сили и стигнаа до реми рамно на победа.
Чуварот на мрежата Арпад Штербик со бравурозна одбрана во последната секунда го скроти ударот на французите и го задржа непобедиливиот чекор на Вардар.
Вардар мечот против Монпеље го заврши без играчите Абутовиќ и Горбок кои заработија директни црвени картони.
Мх.П.