Комплетирано е четвртото коло во ракометната Лига на шампиони, во Ц групата, македонскиот првак Металург го прегази Санкт Петербург со 32:19. Во елитното натпреварување, поради репрезентативните натпревари, ќе следува три неделна пауза.

Металург по четири кола има максимален ефект и веќе може да размислува за Топ 16 фазата. Покрај Металург уште само три тима (Барселона, Веспрем и Киелце) имаат стопроцентен ефект во досегашниот тек од лигата.

“Макфакс“