Македонскиот ракометен првак Металург одисејата во Лигата на Шампиони ја заврши во 1/4 финалето. Нерешлива енигма за составот на хрватскиот стратег Лино Червар беше Киелце, кој во четвртиот натпревар сезонава го совлада Металург, овој пат со убедливи 26-15 (12-8).

Ракометарите на Металург како во и Скопје одлично го започнаа мечот ја анулираа предноста на Киелце од првиот натпревар, но тука некаде застанаа.

Полските ракометари се разбудија заиграа како што го направија тоа во Скопје, голманот Лозерт им даде дополнителен штимунг и го свртеа резултатот во своја полза.

Во вториот дел Металург влегуваше од грешка во грешка, а разликата на семафорот вртоглаве растеше, за на крајот да изнесува +11 (26-15) за полјаците.

Бековите на Металург, Наумче Мојсоски и Ренато Вугринец постигнаа по четири погодоци додека Станиќ не доволно заздравен собра десет интервенции. Со осум голови најпрецизен во домашниот состав беше Јурецки.

Покрај полскиот првак Киелце во завршницата од Лигата на Шампиони пласман обезбедија Барселона и Кил, а на добар пат да им се приклучи и Хамбург.

Мх.П.